Барса се „ослободи“ и од Пјаниќ, го праќа на позајмица во Бешикташ

Барса се „ослободи“ и од Пјаниќ, го праќа на позајмица во Бешикташ

пред 3 години

„Егзодусот“ на фудбалери од Барселона продолжува и по крајот на преодниот рок, откако повеќе извори потврдија дека Миралем Пјаниќ е на пат за Истанбул, каде што ќе биде пратен на едногодишна позајмица во тимот на Бешикташ.

Барселона се обидуваше да најде купувач за репрезентативецот на Босна и Херцеговина во текот на преодниот рок и се шпекулираше враќање во Јувентус, но поради превисоката плата која ја добива, до трансфер не дојде.

За Пјаниќ пак, ова е шанса да ја врати кариерата на вистински пат по скапиот трансфер во Барселона, а со Бешикташ исто така ќе игра и во Лигата на шампионите. Пјаниќ е поранешен фудбалер на Мец, Лион, Рома и Јувентус.

Share
Scroll to Top