Барселона го одложи враќањето на „Камп Ноу“

Барселона го одложи враќањето на „Камп Ноу“

пред 10 часа

Фудбалскиот клуб Барселона најави дека ќе го одложи своето враќање на стадионот „Камп Ноу“ најрано до средината на февруари, поради „логистички ограничувања“.

Култниот стадион се уште е во процес на модернизација и проширување повеќе од една година.

„Клубот одлучи да продолжи да игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“ до крајот на првата фаза од Лигата на шампионите“, се вели во соопштението на Барселона.

„Оваа одлука е донесена поради прописите на УЕФА кои забрануваат каква било промена на стадионот за време на првата фаза од Лигата на шампионите, како и поради дополнителните трошоци за одржување на два објекти со голем капацитет во исто време“, додаваат од клубот.

Проширувањето на „Камп Ноу“ треба да заврши до летото 2026 година, а новиот капацитет ќе биде 105.000 гледачи.

Share
Scroll to Top