Барселона гостува во Неапол, Арсенал во Порто

Барселона гостува во Неапол, Арсенал во Порто

пред 10 месеци

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат два исклучително интересни осминафинални натпревари. Фудбалерите на Наполи ја пречекуваат Барселона на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а Порто ќе му биде домаќин на Арсенал.

Наполи е во тешка ситуација, бидејќи нивната форма варира и се само бледа сенка на тимот што лани ја освои титулата во Серија А.

Она што може да им дојде како олеснителна околност е тоа што Барселона е во слична ситуација.

Тимот од југот на Италија моментно е на деветтото место во Серија А, со девет бода помалку од Аталанта, која моментално го држи последното место за Лигата на шампионите.

Наполи ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите на второто место зад Реал Мадрид и пред Унион Берлин и Брага.

Тие забележаа два порази од Мадрид, три победи и едно реми, што беше доволно за да се помине во следната фаза.

Во криза е и Барселона. Титулата е уште подалеку со оглед на тоа што заостанува осум бода зад лидерот Реал кој игра одлично во првенството.

Покрај тоа, одлуката на Чави Ернандез да го напушти тимот на крајот на сезоната дополнително ги потресе Каталонците.

Барса не се снајде најдобро ниту во групната фаза, во лесна група едвај дојде до првото место и тоа само поради подобриот меѓусебен скор со Порто, но претрпе по еден пораз од Антверпен и Шахтјор.

Во последните четири години Барселона и Наполи одиграа исто толку натпревари. Првиот од тие натпревари се одигра во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2020 година, кога во Неапол беше 1:1, а потоа Барселона победи на домашен терен со 3:1 и помина во четвртфиналето.

Две години подоцна, во плејофот во Лига Европа, прво на „Камп Ноу“ резултатот беше нерешен 1:1, а потоа Барселона победи со 4:2 во Неапол.

Валтер Мацари доби отказ пред два дена, а на негово место пристигна Франческо Калцони, кој нема да може да смета на Пјотр Зелински за овој натпревар.

Поголеми проблеми има Барселона, бидејќи натпреварот ќе го пропуштат Маркос Алонсо, Гави, Алехандро Балде и Феран Торес. Во тимот се приклучија Жоао Феликс и Серхи Роберто, но прашање е колкава улога ќе добијат.

И покрај отсуствата, според експертите, Барселона има блага улога на фаворит.

Во секој случај, се очекува вистински спектакл на два тима чии дресови ги носеше легендарниот Диего Армандо Марадона.

Порто го пречекува максимално мотивираниот Арсенал во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тимот од Португалија има шанса по шести пат во 21 век да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека на Арсенал последен пат меѓу најдобрите осум играше во 2010 година.

Тимот од Лондон по пауза од пет години повторно е дел од Лигата на шампионите.

Порто стигна до нокаут фазата како второпласирана екипа зад Барселона.

Арсенал, пак, лесно ја освои групата во која беа ПСВ; Ленси и Севилја.

Порто пред дуелот со Арсенал не блеска во португалскиот шампионат. Им по победа, пораз и реми на последните три натпревари.

Заостануваат и во борбата за титулата, трети се на табелата со седум бода помалку од Бенфика и Спортинг.

Од друга страна, Арсенал е во одлична форма. Во последните пет кола од Премиер лигата забележа пет победи, а забележа и важна победа против Ливерпул (3:1), директен ривал за титулата.

Арсенал и Порто досега се сретнале шест пати во Лигата на шампионите, но последен пат тоа се случи во далечната 2010 година.

Тогаш англискиот тим во осминафиналето го елиминира Порто. Португалците победија со 2:1 на домашен терен, но следеше дебакл во Лондон и пораз од 5:0.

Share
Scroll to Top