Барселона поставува 14 играчи на продажба?

Барселона поставува 14 играчи на продажба?

пред 3 години

Откако ги загубија реалните шанси за освојувањето на шпанската титула со две ремија со Атлетико Мадрид и Леванте и домашниот пораз од Гранада, во Барселона веќе се размислува за следната сезона, во која ако се верува на шпанските медиуми голем број од сегашните  фудбалери нема да се во тимот.

Според „Мундо Депортиво“, првата одлука која претседателот Жоан Лапорта треба да ја донесе се однесува за тренерот Роналд Куман, иако досега се веруваше дека завршил доволно добра работа за да го заддржи местото. Холанѓанецот може да остане, бидејќи има уште една сезона од договорот, а ја донесе и титулата од Копа дел Реј и внесе во првиот тим низа млади фудбалери кои се сметаат како иднина на тимот.

Сепак, поради лошата финансиска ситуација и долговите од над милијарда евра, доколку се прави „ремонт“ на тимот прво ќе треба да се обезбедат средства, а според „Мундо Депортиво“ тоа ќе се овозможи со продажба на дури 14 фудбалери.

И претходно се веруваше дека Филип Кутињо, Самуел Умтити, Миралем Пјаниќ, Мартин Брејтвајт, Жуниор Фирпо, Нето и Матеуш Фернандеш, иако за дел од нив ќе биде проблем да се најде тим кој ќе дава толку висока плата.

Во Барса веруваат дека ќе го убедат Лео Меси да го продолжи договорот, но Лапорта знае дека ќе треба да му понуди победнички проект, основан на фудбалери кои би пристигнале без отштета. Ерик Гарсија од Манчестер сити веќе ги има договорено личните услови, а се чека на Георгинио Вајналдум (Ливерпул), Мемфис Депај (Лион) и Серхио Агуеро (Манчестер сити).

Share
Scroll to Top