Бањаја со рекорд пол-позицијата во Арагон

Бањаја со рекорд пол-позицијата во Арагон

пред 3 години

Фабричкиот тим на Дукати доминираше во квалификациите пред трката за Големата награда на Арагон. Пол-позицијата ја освои Пеко Бањаја (1:46.322), втор беше Џек Милер (1:46.688). Првиот ред на стратот го комплетираше лидерот во генералниот пласман, возачот на Јамаха, Фабио Квартараро (1:46.719).

Пеко Бањаја, до пол-позицијата дојде со најбрзиот круг во историјата на Арагон, претходниот рекорд го постави Марк Маркез во 2016 година. Дукати дополнително ќе слави бидејќи Бањаја му ја донесе јубилејната 50. пол-позција во тимската историја.

Одличните квалификации што ги имаше Дукати ги надополнија и возачите на сателитскиот тим, Хорхе Мартин ќе стартува од петтото, а Жоан Зарко од десеттото место.

Инаку, зад најдобрите тројца во квалификациите, трката ќе ја започнат: Марк Маркез (Хонда), Хорхе Мартин (Прамак Дукати), Алеиш Еспаргаро (Априлија), Жоан Мир (Сузуки), Пол Еспаргаро (Хонда), Енеа Бастијанини (Авинтија), Жоан Зарко (Прамак Дукати).

Share
Scroll to Top