Белјерин утехата по повредата ја барал во алкохолот

Белјерин утехата по повредата ја барал во алкохолот

пред 4 години

Дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белјерин призна дека имал ментални проблеми во периодот кога бил повреден и дека утехата ја барал во алкохолот. 26-годишниот Шпанец помина поголем дел од 2019 во аут со низа повреди – прво повреда на лигаментите на коленото, а потоа и на бутниот мускул.

„Тоа беше првпат да доживеам таква повреда, и иако имав пријатели и соиграчи кои поминале низ тоа и моето семејство беше покрај мене, навистина не знаев што ќе се случи со мене. Кога се вратив, а уште не тренирав, почнав многу да излегувам и да пијам алкохол, работи кои фудбалер не треба да ги прави. Сите имаме сопствени проблеми со менталното здравје. Кога фудбалот ти е идентитет, а не го играш, тогаш е многу тешко. Во Лондон е лесно да најдеш забава кога не чувствуваш одговорност. Имав среќа што имав играчи и тренери кои знаеја што се случува и ми го посочија вистинскиот пат. Но, не се срамам од тоа, останува дел од мојот живот“, вели Белјерин.

Share
Scroll to Top