Бенфика, Плзењ и Макаби во ЛШ, Звезда си даде автогол во 90-та минута и испадна

Бенфика, Плзењ и Макаби во ЛШ, Звезда си даде автогол во 90-та минута и испадна

пред 2 години

Бенфика, Викторија Плзе и Макаби Хаифа се пласираа во групната фаза на Лигата на шампионите, по вечерашните реванши на кои португалскиот и чешкиот тим остварија победи, додека израелскиот клуб успеа да извлече 2:2 реми на преполната „Маракана“ во Белград, давајќи гол во 90. минута за 2:2 реми против Црвена звезда.

Звезда стигна до 2:0 водство во првото полувреме со головите на Пешиќ (27.) и Иваниќ (43.), пред гостите да добијат шанса да намалат во судиското продолжение од првото полувреме, кога беше досуден пенал. Хамзиза го утна пеналот, но Сундгрен ја смести топката во мрежата. Кога се сметаше дека ќе има продолженија,  Милан Павков во 90. минутa си постигна автогол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ

Бенфика (Пор) – Динамо Киев (Укр) 3:0, прв меч 2:0, вкупно 5:0

Викторија Плзењ (Чеш) – Карабаг (Азе) 2:1, прв меч 0:0, вкупно 2:1

Црвена звезда (Срб) – Макаби Хаифа (Изр) 2:2, прв меч 2:3, вкупно 2:5

Share
Scroll to Top