Бетис со фантастична „ремонтада“ против Алавес!

Бетис со фантастична „ремонтада“ против Алавес!

пред 3 години

Реал Бетис успеаја да се вратат од 0:2 негатива по првото полувреме со Алавес, за да стигнат до одлична 3:2 победа благодарение на двата гола на Борха Иглесиас.

Гостите од Баскија имаа одлично прво полувреме – поведоа преку Хуанми уште во 12. минута, за Едгар Мендез во 24. минута да зголеми на 0:2. Овој резултат беше актуелен еден час игра, пред во 61. минута, Иглесиас да го постигне првиот гол од пенал. Сепак, изгледаше дека гостите ќе изддржат за победа, пред Хоакин во 81. минута да израмни на 2:2, за во 87. минута Иглесиас со убав гол со глава да ги постави конечните 3:2.

Со четвртата победа во низа, Бетис се искачија на шестото место на табелата со 42 поени, додека Алавес се претпоследни со 22 поени, два помалку од безбедната зона.

Share
Scroll to Top