Бешикташ се шампиони во Турција

Бешикташ се шампиони во Турција

пред 3 години

Вечерва заврши сезоната во фудбалскиот шампионат на Турција. Во дрматична завршница титулата ја оавоија фудбалерите не Бешикташ. За црно-белите од Истанбул ова е 16.титула во клупската историја.

Бешикташ во последното коло влезе со ист број на бодови и подобра гол разлика од Галатасарај.

Бешикташ славеа на гостувањето кај Гостепе со 2:1. За Гозтепе целуот натпревар го одигра Адис Јаховиќ.

Вода погоди за Бешикташ во 10.минута, израмни Озтурк 14 минути подоцна. На крајот титулата на Бешикташ им ја обезбеди Гезал со гол од пенал во 69.минута.

Во исто време Галатасарај забележаа сигурна победа над Малатијаспор со 3:1.

На крајот Бешикташ завршија со 84 поени и гол разлика +45, а Галатасарај со 84 поени и гол разлика +44.

Бешикташ и Галатасарај изброија пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, а во квалификациите за Лига Европа покрај Фенербахче ќе игра и Трабзон. Од лигата испаднаа Ерзурум, Анкарагучу, Генчербилрили и Денизли.

Share
Scroll to Top