Биното со „боцка“ за Фетел: Конечно, имаме двајца возачи на кои можеме да сметаме

Биното со „боцка“ за Фетел: Конечно, имаме двајца возачи на кои можеме да сметаме

пред 4 години

Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека му олеснало што конечно може да смета на двајца возачи во поени, коментар, кој несомнено е упатен како критика на поранешниот возач Себастијан Фетел.

Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор завршија во топ 10 вчера, нешто што Ферари успеа да го оствари само пет пати минатата сезона, во која Фетел беше драстично послаб од Леклер. Леклер трката ја заврши на шестото место, а Саинс беше осми во првата трка за Скудерија.

„Среќен сум со моите возачи, што конечно можам да сметам да двајцата. Карлос заврши фантастична работа, а најважно е што имаше мотивација да оди напред. Оваа сезона не го развивавме новиот болид многу бидејќи фокусот е на 2022, но важно е да се види мотивацијата на возачите“, вели Биното.

Самиот Фетел пак, имаше катастрофално деби за Астон Мартин завршувајќи ја трката на 15. место откако стартуваше како последен добивајќи пет казнени поени за два прекршоци  – игнорирање на двојно жолто знаме на квалификациите и 10-секундна казна за удирањето на Естебан Окон во трката. Неговиот нов шеф, Отмар Шафнауер го бранеше четирикратниот шампион.

„Имаме податоци од една трка. Да, не беше најдобрата, но гледајте на позитивните работи – стартуваше како последен, беше во топ 10 едно време и чувството беше добро“, вели Шафнауер.

Share
Scroll to Top