Битка на членовите на богатите семејства околу Роналдо

Битка на членовите на богатите семејства околу Роналдо

пред 3 години

Лапо Елкан, братот на првиот човек на Јувентус (и Фиат и Ферари) и внук на Џани Ањели, реагираше на фотографијата која ја објави Халифа Бин Хамад Ал-Тани, член на семејството кое го води Пари Сен-Жермен во кое Кристијано Роналдо е во дрес на ПСЖ.

Во неверојатна преписка на двајца луѓе кои не ги водат двата фудбалски клуба, но се тесно поврзани со семејствата, Ал-Тани, човекот кој прв го потврди трансферот на Лео Меси во ПСЖ, објави интересна фотографија на Роналдо и Меси во дресови на ПСЖ со кратка порака: „Можеби?“ на три различни јазици.

Елкан, брат на Џон Елкан, претседателот на „Ексор“, компанијата која ги поседува Јувентус, Ферари и Фиат, одговори преку Твитер.

„ЦР7 е фудбалер на Јувентус ФЦ. Крајно непочитување е да се поставуваат други дресови на него, како да е некоја фигура. Ако го смени тимот, каде и да оди, ќе ја има мојата почит како човек и спортист. Видете, господа, фудбалот е страст за нас. Со генерации“, напиша Елкан.

„Л’Екип“ денеска објави дека Роналдо се обидува да издејствува трансфер во Манчестер сити, кои со ПСЖ се единствени реални опции за потписот на Португалецот.

Share
Scroll to Top