Благоја Милевски: Наш мотив е дресот на Македонија, сѐ друго може да нѐ дефокусира

Благоја Милевски: Наш мотив е дресот на Македонија, сѐ друго може да нѐ дефокусира

пред 3 години

Топспорт во Разград,

Никола Ѓуровски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, размислува единствено за спортскиот аспект од утрешниот меч, вели дека дуелот против Македонија е само фудбалски натпревар. Се друго, може да биде лош фокус и не сака ниту да размислува на таков начин, ниту пак очекува провокации во Разград.

„Ние сме спортски работници, размислуваме само за фудбалот и се останато во овој момент не не интересира зошто може да не дефокусира. Без разлика на тоа што доаѓа од трибините, ние секогаш гордо ја претставуваме Македонија. Ја анализиравме Бугарија, тие се квалитетна селекција, а во денешниот фудбал нема фаворити. Најважно е да одиграме максимално и да се држиме до договорот, а не се сомневам дека момците ќе одиграат најдобро што умеат, како и на секој друг меч во македонскиот национален дрес“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Македонија утре во 18 часот ќе и гостува на Бугарија во Разград, а три дена подоцна противник ќе биде Гибралтар. Потоа следуваат и два меча на домашен терен во овој јунски циклус од Лигата на нации.

Share
Scroll to Top