Пакистанскиот боксер Мохамед Аслам Кан (27), почина од последиците на нокаутот што го доживеал на хуманитарен меч. Негов противник во рингот бил Вали Кан Тарен.
Несреќниот борец добил удар во главата, завршил на подот, веднаш бил префрлен во болницата во карачи, каде докторите можеле само да ја констатираат смртта.
Аслам Кан боксувал од 2007 година, бил и шампион на Пакистан.