Борусија го декласира Волфсбург, Фрајбург не се откажува од ЛШ

Борусија го декласира Волфсбург, Фрајбург не се откажува од ЛШ

пред 3 години

Победата на Борусија Дортмунд над Волфсбург од 6:1 го обележа некомплетното 30.коло во Бундес лигата, во кое важни победи во борбата за опстанок, односно за пласман во Лигата на шампионите забележаа Херта и Фрајбург.

На „Вестфален“, Борусија за само 14.минути го декласира Волфсбург. Во периодот од 24. до 38.минута пет играчи постигнаа по еден гол за водство на „милионерите“ од 5:0

Во 24., 26. и 28 минута погодина Роте, Витсел и Аканџи, а потоа во 35. и 38.минута голманот на Волфсбург го совладаа Емре Џан и Халанд.

Халанд постигна уште еден гол во 54.минута и тука домашните играчи „кренаа рачна“. Бако во 82.минута го постигна почесниот гол за Волфсбург.

Фрајбург го победи Бохум со 3:0. Еден гол постигна Кублер, два Унгарецот Салаи. Фрајбург со натпревар повеќе се израмни на табелата со четвртопласираниот Лајпциг.

Херта славеше на гости кај Аугсбург со голот на Сердар во 49.минута.

Штутгарт освоија важен бод во борбата за опстанок. „Швабите“ одиграа 0:0 во Мајнц.

Share
Scroll to Top