Фудбалската репрезентација на Бразил надмоќно стартуваше во квалификациите за Светското првенство во јужно-американската зона. Бразил во првото коло во 5:0 ја совлада Боливија. Серијата на голови ја отвори играчот на ПСЖ Маркињос во 16 минута. До крајот на првото полувреме „Кариоките“ постигнаа уште еден гол, стрелец беше Фирмино во 30 минута. Истиот играч на стартот од второто полувреме постигна уште еден гол, во 49 минута. Авто-гол во 66 минута си постигна Караско, а точка на натпреварот стави Фелипе Кутињо во 73 минута.
Бразил ја декласира Боливија
пред 4 години