Фудбалскиот клуб Брајтон го реализираше најголемиот трансфер во клупската историја. Дресот на „галебите“, од наредната сезона ќе го носи Аргентинецот, Нико Гонзалес.
Гонзалес, кој се наоѓа со Аргентина на Копа Америка, го засили Брајтон за 25 милиони евра. Ова е нов клупски рекорд, во минатото Брајтон издвојуваше по 20 милиони евра за Нил Мопеј, Абам Вестер и Леандро Тросар.
Минатата сезона за Штугарт, Гонзалес постигна два гола и забележа шест асистенции.
Овој крилен напаѓач, кариерата ја започна во Аргентинос јуниорс, а во Штутгарт пристигна во 2018 година.