Англискиот второлигаш Брентфорд со 1:0 ги совлада Њукасл и се пласираше во полуфиналето на Карабао купот (англискиот лига куп), нивно прво полуфинале во едно англиско куп натпреварување во 131-годишната историја на клубот од предградието на Лондон.
Џошуа Да Силва го постигна единствениот гол на мечот во 67. минута од дуелот на „Комјунити“ стадионот за разочарувачки исход на тимот на Стив Брус.
Вечерва во второто четврт-финале играат Арсенал и Манчестер сити, додека утре се среќаваат Евертон-Манчестер јунајтед и Стоук сити-Тотенхем.