Бугарскиот селектор поднесе оставка

Бугарскиот селектор поднесе оставка

пред 3 часа

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот почеток на Лигата на нации.

Бугарите освоија само еден бод од првите два натпревари, двата одиграни во Пловдив. Прво беа изненадени од Луксембург, загубија со 2:1, а потоа одиграа без голови против Естонија.

Димитров ја објави својата одлука веднаш по вториот натпревар, незадоволен од играта и од фактот што неговиот тим не успеа да го спроведе подготвениот план.

„Игравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен, а не успеавме да создадеме притисок во нападот. Ова значи дека ја изгубивме самодовербата на играчите. Со ваков вид игра и вакво издание, завршуваме. Му благодариме на Фудбалскиот сојуз за можноста“, рече Димитров.

Тој ја водеше бугарската репрезентација во десет натпревари и оствари три победи, два нерешени и пет порази.

Бугарите сега ги очекуваат два последователни гостувања. Во сабота ќе играат против Исланд во Рејкјавик, додека три дена подоцна ќе гостуваат во Луксембург. Исланд го презеде првото место во групата со победата од 3:0 над Луксембург.

Share
Scroll to Top