ФК Вардар, убедливо најуспешниот македонски фудбалски клуб, 11-кратен освојувач на првенството и 5-кратен освојувач на Купот на Македонија, официјално испадна во втората лига, откако на гостувањето во Струга загубија со 1:0.
Со ова се става точка во најтешката сезона во историјата на „црвено-црните“, кои се во бездна по повлекувањето на спонзорот Сергеј Самсоненко, само една година откако ја освоија својата 11-та титула. На Вардар му беа потребни две победи во последните две кола од шампионатот, но и порази за Академија Пандев, Силекс и Ренова, и тоа не успеаја да го направат на гости кај Струга, која пак, со оваа победа се постави во позиција за Конференциската лига на УЕФА.
Ова е прво испаѓање на Вардар од Првата лига, ако не се смета сезоната 2010/11, кога официјално испаднаа од лигата, пред да се спојат со ФК Миравци, и да го преземат нивното новосвоено место во елитата.
Струга сега се трети, откако Македонија Ѓорче Петров во возбудлив натпревар загуби со 3:4 од новиот шампион Шкендија, иако двапати се враќаа во натпреварот.
Фото: ФК Вардар
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО
Беласица – Академија Пандев 0:2
Борец – Ренова 2:0
Македонија ЃП – Шкендија 3:4
Работнички – Силекс 3:1
Шкупи – Пелистер 0:0
Струга Трим Љум – Вардар 1:0
Табела: 1.Шкендија 74, 2.Шкупи 58, 3.Струга 54, 4.Македонија ЃП 52, 5.Работнички 47, 6.Пелистер 42, 7.Борец 40, 8.Академија Пандев 38, 9.Силекс 36, 10.Ренова 35, 11.Вардар 31, 12.Беласица 17.