Вашингтон од -17 до победа над Лејкерси

Вашингтон од -17 до победа над Лејкерси

пред 3 години

Актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, забележаа нов пораз во НБА лигата. Лејкерс, се поразени во својот дом, по дополнителните пет минути од Вашингтон со 124:127. За Лејкерси ова е четврти пораз на последните пет натпревари.

Вашнигтон, во Лос Анџелес, се вратија од негативата од 17 поени, изборија продолжение, а потоа со поените на Расел Вестбрук на 11 секунди до истекот на времето, забележаа победа.

Вашингтон до петтата последовна победа го предводеше Вестбрук со 32 поени, 14 скока и девет асистенции, поен повеќе, со седум скока и шест асистенции забележа Бредли Бил.

Леброн се истакна кај Лејкерси со 33 поени, девет скока и 13 асистенции, Мотрезел Херел уфрли 26 поени.



Share
Scroll to Top