Видал и Санчез одбиваат да заминат од Интер

Видал и Санчез одбиваат да заминат од Интер

пред 2 години

Атуро Видал и Алексис Санчез ги одбиваат понудите да си заминат од Интер, тврдат италијанските медиуми, иако „нераѕурите“ без проблем би дале согласност за нивна продажба, посебно по пристигнувањето на Ромелу Лукаку.

33-годишниот Санчез, наводно, ги одбил сите понуди кои биле доставени ова лето – Севилја, Галатасарај, Олимпик Марсеј, и послената од Вилјареал. Тој има договор со клубот до јуни 2023 година, така што се верува дека Интер ќе се обидат да се договорат за раскин со взаемна согласност само да не ги плаќаат неговите високи плати.

Неговиот чилеански сонародник, Видал, исто така е пред заминување од Интер, а и тој има понуда од турскиот Галатасарај, клуб кој може да му ја исплати сегашната плата, за разлика од заинтересираните Фламенго и Бока јуниорс во Јужна Америка.

Share
Scroll to Top