Алавес ја оствари првата победа во Ла Лига оваа сезона откако ја совлада Севилја со 4:3 во неверојатен натпревар со многу голови.
Риоха во седмата минута донесе водство за домаќинот, но израмни Абкар во 15.минута. Пресврт направи Ерик Ламела, но Рубен Дуарте израмни на 2:2 пред одморот.
Во вториот дел, Кике Гарсија постигна два гола за Алавес и зголеми на 4:2, а конечниот резултат го постави Рафа Мир во судиското продолжение од мечот.