(Видео) Атлетико се жалеше – УЕФА се огласи со соопштение за спорниот пенал

(Видео) Атлетико се жалеше – УЕФА се огласи со соопштение за спорниот пенал

пред 2 дена

Ден по натпреварот и контроверзната победа на Реал на пенали над Атлетико, поразениот тим бара објаснување од УЕФА за одлуката на судијата да го поништи голот на Алварез во пенал рулетот.

Навистина тешко е да се утврди дали левата нога на Аргентинецот ја допре топката пред ударот, што, кога се во прашање пеналите, е недозволена акција, таканаречен „двоен контакт“. ВАР го кажа своето – Алварез ја допрел топката, а судијата Симон Марчинијак го поништи неговиот гол.

Победата му припадна на Реал Мадрид, но „горчливиот вкус“ остана кај љубителите на фудбалот и гневот кај навивачите на поразениот тим…

Атлетико не се помири со овој епилог, па цел ден е на „жешка линија“ со УЕФА, барајќи објаснување за спорната ситуација, која беше пресудна за исходот на натпреварот.

„Јорганџиите“ се убедени дека ниту еден агол од сите можни снимки од пеналот на Алварез не покажува дека Аргентинецот ја допирал топката со ногата на која се потпрел пред ударот.

На ниту една снимка не се гледа како топката се движи, што секако ќе се случеше доколку имаше контакт. Токму тоа е деталот што Атлетико го истакна во комуникацијата со УЕФА ден по натпреварот.

Во Атлетико, пишуваат понатаму Шпанците, речиси има гнев бидејќи ден подоцна се уште се убедени дека голот на Алварез е неправедно поништен. И по „малку повеќе од милион“ прегледи на видеото од спорната ситуација, се убедени дека се во право.

„Иако контактот е минимален, играчот имаше контакт со топката користејќи го стопалото пред да шутне кон голот со другата нога, како што се гледа на приложеното видео.

Според правилата (Закони на играта, правило 14.1), ВАР просторијата го повика судијата и му сигнализираше дека голот треба да биде поништен.

УЕФА ќе иницира разговори со ФИФА и ИФАБ за да се разгледа дали ова правило треба да се дополни и измени за да ги покрие случаите кога двојниот контакт со топката е ненамерен“, соопшти УЕФА.

Share
Scroll to Top