Победата на Денвер, по продолженијата, во Филаделфија и дебаклот на Оклахома, на домашен терен од Шарлот ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Денвер, со резервниот тим направи чудо во Филаделфија. Успеа да слави со 125:124, откако во регуларниот дел мечот заврши 120:120.
Денвер на овој меч настапи без седум кошаркари. Покрај најдобриот Никола Јокиќ, тренерот Аделман не можеше да смета и на Џамал Мареј, Кем Џонсон, Кристијан Браун, Арон Гордон, Јонас Валанчунас и Тим Хардавеј Џуниор.
И со Б тимот, Денвер можеше да дојде до победата во регуларниот тек од натпреварот. Тајрис Макси избори продолженија. Во дополнителното време драматични беа последните 15 секунди.
Најпрвин Џонс му залепи банана на Џоел Ембид, а Брус Браун во контра одеше на полужување, Ембид успеа да блокира, но судиите донесоа одлука дека топката имала слегувачка патека.
Џејлен Пикет ги предводеше Нагетс со 29 поени, Пејтон Вотсон постигна 24 поени, Зак Наџи 21, а Брус Браун го заврши натпреварот со 19 поени. На другата страна Ембид уфрли 32, а Макси 28 поени.
Оклахома доживеа тежок пораз од Шарлот 97:124. Актуелните шампиони, во последните 12 натпревари имаат полош скор од најлошиот тим во лигата, Вашингтон.
Брендон Милер повторно беше херој со 28 поени, додека Кон Кнупел имаше 23 и по пет скока и асистенции, а Мајлс Бриџис имаше дабл-дабл од 17 поени и 11 скока.
Во редовите на Тандер, актуелниот МВП Шеј Гилџес-Александе уфрли 21 кош, го следеше Џејлен Вилијамс со 16.
Резултати:
Детроит – Њујорк 121:90
/Канингем 29 – Брансон 25/
Бостон – Чикаго 115:101
/Симонс 27 – Бузелис 26/
Торонто – Атланта 118:100
/Барнс 18 – Оконгву 17/
Хјустон – Феникс 100:97
/Дурант 26 – Букер 27/
Портланд – Јута 137:117
/Авдија 33 – Марканен 22/
ЛА Клиперс – Голден Стејт 103:102
/Ленард 24 – Кари 27/






