Расел: Честитки до Чеко, но победата беше моја

Расел: Честитки до Чеко, но победата беше моја

пред 3 години

Џорџ Расел вели дека чувствува дека двапати бил „ограбен“ од победата на Сакир ГП трката, признавајќи дека едвај собрал сили да излезе од болидот на Мерцедес по трката.

Расел, кој возеше Мерцедес како замена за Луис Хамилтон кој беше позитивен на КОВИД-19, имаше неверојатен викенд во Бахреин – беше најбрз на трите тренинг сесии, пол-позицијата му избега за 2 илјадити делови од секундата, а потоа го помина Валтери Ботас и беше прв со убедлива предност од 8 секунди пред катастрофалната грешка на Мерцедес. Прво тие му сменија погрешни гуми, за потоа тој да скокне од шестото на второто место, но уште еднаш да мора да го посети боксот поради тоа што имаше дупната гума.

Деветтото место значи дека ги освои првите поени во кариерата, но ниту тоа не е сигурно откако ФИА поведе постапка поради проблемите во боксот.

„Навистина немам зборови, да бидам искрен, не беше лесно да се излезе од болидот. Имав трки во кариерата во кои губев победа, но двапати на ваков начин, не ми се веруваше. Дадов максимум, се чувствував самоуверено во болидот. Можевме да го стигнеме Серхио поради предноста со гумите, но потоа дојде дупнатата гума. Критики до Мерцедес? Ова е тркање, тимски спорт, сите сме заедно во него. Понекогаш возачот ќе направи грешка, како јас неколку пати со Вилијамс оваа сезона, понекогаш тимот ќе направи грешка. Честитки до Чеко, тој е голем возач кој е долго време во Ф1 и ја заслужува победата. Можеби не оваа, бидејќи оваа мислев дека е моја, но заслужува победа“, вели Расел.

Share
Scroll to Top