(Видео) Бортнмут на „Олд Трафорд“ го декласира Манчестер јунајтед

(Видео) Бортнмут на „Олд Трафорд“ го декласира Манчестер јунајтед

пред 10 месеци

Фудбалерите на Борнмут им одржаа час по фудбал на скапо платените ѕвезди на Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“, Борнмут го победи Манчестер јунајтед со 3:0. Ова е прва победа во историјата на Борнмут на теренот на „црвените ѓаволи“.

Доминик Соланке во петтата минута ја најави една од најголемите победи во историјата на Борнмут.

Во второто полувреме, во интервал од пет минути, Борнмут стави точка на натпреварот. Билинг погоди во 68., а Сенеси во 73.минута. Победата можеше да биде и поубедлива, но во 92.минута поради играње со рака ВАР го поништи четвртиот гол на Борнмут.

Манчестер јунајтед, во 16.коло го забележа седмиот пораз, има и девет победи, додека Борнмут го освои 16 бод во Премиер лигата и се наоѓа на 16. позиција.

Резултати:

Шефилд јунајтед-Брентфорд 1:0
Брајтон-Барнли 1:1
Вулверхемптон-Нотингем форест 1:1.

Share
Scroll to Top