Бостон Селтикс ги совладаа Мемфис Гризлис со 117:103 и за прв пат во историјата на франшизата комплетираа низата од шест натпревари на Западот без пораз.
Актуелните шампиони до победата ги предводеа Ал Хорфорд со 26 поени и осум скока и Џејсон Тејтум со 25 поени и 14 скока.
Кристапс Порзингис додаде 19 поени, пет скока и пет асистенции, Џру Холидеј имаше 18 поени и по седум скока и асистенции, а Дерик Вајт имаше 14 поени, 10 асистенции и осум скока.
Бостон го надмина претходниот рекорд на франшизата поставен во февруари 1973 година со победи против Јута, Портланд, Сакраменто, Феникс, Сан Антонио и Мемфис.
Таа серија, исто така, му помогна на Бостон да постави нов рекорд во франшизата од 32 гостински победи, претходно поставен во сезоните 1972/1973 и 1974/1975 година.
Пред Бостон на вената листа се само Голден Стејт со 34 победи во сезоната 2015/2016 и Чикаго со 33 победи од 1995/1996 година.
Во тимот на Мемфис, кој го доживеа шестиот пораз во последните седум натпревари, најефикасни беа Џа Морант со 26 поени, шест скока и пет асистенции, Санти Алдама со 21 поен со осум скока и Џерен Џексон со 20 поени со 15 скока.