(Видео) Дончиќ со 51 поен ги растури Чикаго Булс

(Видео) Дончиќ со 51 поен ги растури Чикаго Булс

пред 2 часа

Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар против Чикаго Булс, а неговите Лос Анџелес Лејкерс победија со 142:130. Словенецот постигна 51 кош, што е негов рекорд во дресот на Лејкерс, додаде 10 скока и девет асистенции и беше на чекор од трипл-дабл.

Дончиќ го напушти натпреварот 1:41 пред крајот, а во тој момент во арената во Лос Анџелес, навивачите извикуваа „МВП, МВП“.

Тоа беше неговиот 13-ти натпревар со најмалку 40 поени во 82 настапи за Лејкерси.

Лејкерс (41-25) скокнаа на третото место во Западната конференција со седмата победа во последните осум натпревари.

Најдобриот стрелец во НБА (32,5 поени) има просек од 40,2 поени во последните четири натпревари. Лејкерс славеа во сите тие средби. Инаку, 27-годишникот, осми пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени.

Рекордот на Дончиќ во кариерата е 73 поени, во јануари 2024 година, како играч на Далас Маверикс во победата против Атланта Хокс.

Леброн Џејмс се врати откако пропушти три натпревари поради повреди на лактот и колкот што ги доби против Денвер Нагетс на 5 март. Тој заврши со 18 поени, седум скока и седум асистенции.

Остин Ривс постигна 30 поени и запиша седум асистенции и ја надмина границата од 5000 поени во својата кариера. Центарот Деандре Ајтон мечот го заврши со 23 поени и 10 скока.

Најдобар кај Чикаго Булс беше Џош Гиди со 27 поени, осум скока и 15 асистенции.

Share
Scroll to Top