(Видео) Драма во Келн, Хорнке и Магдебург ја детронизираа Барселона

(Видео) Драма во Келн, Хорнке и Магдебург ја детронизираа Барселона

пред 17 часа

Барселона не успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите, нема да ја брани титулата што ја освои минатата сезона, а Германија го добива европскиот клупски шампион, единственото прашање е дали тоа ќе биде Фуксе Берлин или Магдебург. Во првото полуфинале, Берлин го победи Нант со 34:24, додека во второто полуфинале, по драма и трилер, Магбебург ја победи Барса со 31:30.

На 60 секунди пред крајот, Барселона, која водеше речиси во текот на целиот натпревар, водеше со 30:29, но потоа следеше неверојатен пресврт. Поради груби стартови, директни црвени картони добија Карлсбогард и Ване, а Тим Хорнке постигна гол од седмерец за 30:30.

Барселона имаше напад, шутот на Ричардсон го запре голманот на Магдебург, а потоа со играч повеќе, Магдебург одигра извонреден напад, топката дојде до Хорнке, кој погоди за конечни 31:30.

Инге Магнусон постигна 11 гола, Тим Хорнке седум, Албин Лагергрен четири, а Феликс Клар три гола. За Барселона, Дика Мем постигна осум, Тимоти Н’Гесан пет, Мелвин Ричардсон четири, Домен Макуц и Аитор Бенгочеа по три гола.

Треба да се напомене дека десет минути пред крајот, одличниот Дика Мем се повреди, што во голема мера влијаеше на епилогот од дуелот.

Финалето е закажано за 15 јуни, со почеток во 18 часот. Берлин и Магдебург ќе се борат за европскиот трон во Келн, а во 15:00 часот е закажан натпреварот за третото место помеѓу Барселона и Нант.

Share
Scroll to Top