(Видео) Заврши сезоната за Давид Алаба

(Видео) Заврши сезоната за Давид Алаба

пред 9 месеци

Победата на Реал Мадрид над Виљареал (4:1) остана во сенка на тешката повреда на Давид Алаба.

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба (31) заработи повреда на вкрстените лигаменти на левото колено, поради што ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Алаба по половина час го напушти теренот поради болки во ногата.

Тренерот Карло Анчелоти сега има на располагање само двајца централни дефанзивци, Начо и Антонио Ридигер.

„Ќе видиме во наредните денови дали можеме да направиме нешто“, рече Анчелоти и додаде:

„Никогаш не сум ми се случил, тројца играчи да ги скинат вкрстените лигаменти за четири месеци, неверојатно“.

Поради оваа повреда, претходно подолг период надвор од теренот се Едер Милитао и голманот Тибо Куртоа.

Share
Scroll to Top