Чешка и БиХ последни од Европа изборија пласман на Светското првенство. Двете селекции по изведувањето пенали се пласираа на Мундијалот, откако беа подобри од Данска, односно Италија.
Италија, четирикратен светски првак, доживеа уште една трагедија, не успеа да ја победи БиХ во Зеница и ќе го пропушти третиот Мундијал во низа. Босанците по 2014 година повторно ќе бидат дел од нјголемата фудбалска смотра.
Азурите подобор влегоа во натпреварот, го контролираа ритамот, а во 15-та минута Кен ја казни грешката на голманот Васиљ. Клучниот момент се случи во 40-та минута кога Бастони доби директен црвен картон.
Со играч помалку, Италија се бранеше и ги издра нападите на БиХ во првите 10 минути од вториот дел. Кен во 56-та минута ја имаше шансата на мечот, во ситуација еден на еден не успеа да го совлада Васиљ.
Потоа Италијанците промашија утште две шанси, преку Пио Еспозито и Димарко.
Казната ги стигна во 82-та минута кога табаковиќ од три метри ја уфрли топката во голот.
Во првото продолженије се случи спорна ситуација, кога Муаремовиќ го фаулираше Пелестри, но судијата Турпан му покажа само жолт картон на босанскиот репрезентативец. Во финишот на првото продолѓение Еспозито имаше голема шанса, Васиљ волшебно успеа да одбрани.
БиХ во овој дел од натпреварот најдобрата шанса ја имаше преку Тахировиќ, чии удар заврши крај стативата.
Во пенал серијата Тахировиќ, Табаковиќ, Алајбеговиќ и Бајрактаревиќ погодија за БиХ, на спротивната страна гол постигна само Тонали, Еспозито го промаши голот, а Кристанте ја погоди гредата.
БиХ во Б групата на СП ќе игра против Канада, Катар и Швајцарија.
По 2:2 во 120 минути, Чешка од Данска беше подобра по изведувањето на пенали со 3:1.
Кори, Соучек и Садилек постигнаа голови за домашната екипа, додека Крејчи беше непрецизен. За Данска, само Ериксен беше стрелец, додека Хојлунд, Драјер и Јенсен беа трагичари.
Домашната екипа имаше предност во два наврати на оваа средба, но Скандинавците имаа подготвен одговор.
Шулц ѝ донесе водство на Чешка во третата минута, а тој резултат беше на сила долго време, до 72-та минута кога изедначи Андерсен.
Набрзо се отиде во продолжение. Чешка повторно поведе преку Крејчи во 100-та минута, но Хејг ја врати Данска во живот во 111-та.
Чешка ќе игра во А групата на СП, каде се еден од домаќините Мексико, односно Јужна Африка и Јужна Кореја.






