Три минути го дела Мајнц од најголемата сензација сезонава во Бундес лигата, но Баерн сепак успеа да се спаси од пораз. Хари Кејн со гол од пенал во 88-та минута не дозволи последно пласираниот тим на табелата да победи во Минхен.
Баерн поведе во 29-та минута со голот на суперталентираниот Ленарт Карл, но во судиското продолжение во првото полувреме, Потулски израмни.
Во 67-та минута, Ли Џе Сунг ја шокираше „Алијанц Арена“ со гол за водство на гостите, но во 88-мата минута, Хари Кејн постигна гол од пенал и ги постави конечните 2:2.
Мајнц, убедливо најслабиот тим во Бундеслигата оваа сезона, остана со само една победа, и со седум освоени бода.
Ова беше втор нерешен резултат за Баерн во 14 кола, но имаат убедлива предност на врвот, девет поени повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Foto/ depositphotos






