(Видео) Кими Антонели уништил Мерцедес од лимитирана серија

(Видео) Кими Антонели уништил Мерцедес од лимитирана серија

пред 3 часа

Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, учествувал во сообраќајна несреќи, но не е повреден и, според планот, ќе учествува на предсезонскиот тест на Формула 1 оваа недела во Бахреин.

Непосредно пред да замине за Бахреин, Антонели доживеал несреќа на патот во Серавале. Според извештајот на сообраќајната полиција, неговиот автомобил излигал на патот, удрил во заштитната ограда. Во сообраќајната несреќа не биле вклучени други возила.

Инцидентот го потврди Мерцедес во официјално соопштение:

„Во саботата во близина на неговиот дом во Сан Марино, Кими доживеал сообраќајна несреќа. Полицијата дошла на местото на настанот по негов повик. Во несреќата учествувало само едно возило и, иако автомобилот претрпел штета, Кими не е повреден.“

Антонели возел „Mercedes AMG GT 63 PRO 4MATIC+“, екстремно ограничена серија од само 200 произведени примероци.

Пред тестот минатиот месец во Барселона, Мерцедес ја промовираше испораката на овој супер автомобил на Антонели, кој се издвојува со уникатни детали како што се рачно обоена каросерија во боите на Петронас, како и специјални технички решенија.

Меѓу нив се подобрениот систем за ладење, додека погонот го обезбедува 4-литарски V8 битурбо мотор со 612 коњски сили.

Несреќата нема да влијае на програмата на Антонели за првиот тест во Бахреин. Италијанецот треба да вози во попладневната сесија првиот ден во среда, потоа во утринската сесија вториот ден во четврток и повторно во попладневната сесија на последниот ден во петок.

Неговиот колега Џорџ Расел ќе вози во соодветно време. Првиот предсезонски тест во Бахреин започнува утре, додека вториот и последен тест на истата патека ќе се одржи од 18 до 20 февруари.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top