(Видео) Куп финалето заврши со инцидент

(Видео) Куп финалето заврши со инцидент

пред 1 година

Ракометарите Вардар 1961 го освоија Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во Охрид, Вардар 1961 забележа победа над Еурофарм Пелистер со 26:25.

Вардар 1961 го освои 16.трофеј во Купот во клупската историја, МВП на завршниот турнир е средниот бек на црвено-црните, Дутра.

По завршувањето на финалето се случи инцидент, настана мешаница кога ракометарот на Еурофарм Пелистер, Суси фрли со шише по тренерот на Вардар, Владо Недановски. Во целтата мешаница, интервенираа и полициските службеници, а ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески доби пендрек во главата.



Share
Scroll to Top