(Видео) Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

(Видео) Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

пред 4 часа

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон беше оперирана во неделата, потврдија од болницата во Тревизо за агенцијата AНСА.

41-годишната Вон доживеа тежок пад претходно, на спустот на Зимските олимписки игри и набрзо беше пренесена со хеликоптер во медицинска установа.

„Линдзи беше оперирана во болницата Ка’ Фончело по тежок пад во Кортина. Фрактурата на левата нога е стабилизирана“, објавија од болницата. во Тревизо.

Американската скијачка доби прва помош од регионалната медицинска служба за Олимписките игри и веднаш беше префрлена со хеликоптер во поликлиниката Кодивила во Кортина, управувана од „УЛСС 1“.

Таму, таа беше подложена на сеопфатно дијагностичко тестирање пред да биде префрлена во Ка’ Фончело.

Да ве потсетиме дека една од најдобрите скијачки во историјата скина лигамент на коленото десет дена пред почетокот на Олимписките игри, но и покрај сериозната повреда, таа одлучи да се натпреварува во Кортина.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top