Грчкиот фудбал конечно има клупски европски трофеј. Олимпијакос со победита над Фиорентина ја освои Конференциската лига. Навивачите на клубот од Пиреја на спектакуларен начин ја прославија оваа титула.
Натпреварот на стадионот „Аја Софија“ во Атина заврши со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Мароканецот Ајуб Ел Каби во 117. минута.
Олимпијакос овој успех го постигна на стадионот на лутиот градски ривал АЕК, што дополнително ја нагласува важноста на овој историски момент за грчкиот фудбал, прв по 2004 година кога репрезентацијата стана сензационален шампион на Европа.
Погледнете како изгледаше прославата во Пиреја.
Τρέλα στο γκολ του Ολυμπιακού #olympiacosfc pic.twitter.com/aPcu18VmTV
— Θανάσης Κρητικός (@Than_Kritikos) May 29, 2024
Atenas está assim nesse momento, com o título inédito do Olympiacos.pic.twitter.com/bYN145xwpM
— (@DoentesPFutebol) May 29, 2024