Нов проблем за Ливерпул, се повреди и капитенот Хендерсон

Нов проблем за Ливерпул, се повреди и капитенот Хендерсон

пред 3 години

Синоќешниот натпревар во Лигата на нации, Белгија-Англија, му донесе нови проблеми на менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп. Поради повреда, натпреварот во полувремето, го напушти Џордан Хендерсон.

Капитенот на Ливерпул по денешните прегледи ќе знае за какв аповреда станува збор и колку време ќе треба да мине на рехабилитиација.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, рекол дека се работи за истегнување, со напомена дека проблемото кај Хендерсон бил недоволно добрата физичка подготвеност.

Хендерсон е уште еден играч кој заврши на листата на повредени. Енди Робертсон се повредил против Србија, настапувајќи се Шкотска, недоволно подготвен е и другиот бек Трент Александер-Арнолд, а од претходно во тимот ги нема Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез.

Ова значи дека без стандардната четворка Клоп ќе мора да го составува тимот за дуелот со Лестер во Премиер лигата.

Исто така Ливерпул ќе биде и без Мохамед Салах, кој е заразен со коронавирусот, а во тимот ќе ги нема и Тијаго АЛкантара и Алекс Окслејд-Чембрлен.

Share
Scroll to Top