(Видео) Милан лесно ја надигра Рома

(Видео) Милан лесно ја надигра Рома

пред 8 месеци

Foto/ EPA

Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома на „Сан Сиро“ со резултат 3:1 во дербито од 20. коло во Серија А. Росонерите сега се на третото место во Серија А со 42 бода, два помалку од првопласираниот Интер. Од друга страна, Рома е на деветтото место со 29 освоени бодови.

Милан многу подобро влезе во натпреварот и поведе веќе во 11. минута, кога Јасин Адли погоди на асистенција на Тијани Рајндерс.

Домашниот тим можеше да го удвои водството во 29. минута, но ударот на Тео Ернандез ја погоди стативата.

Во продолжение Рома ја презеде иницијативата, во 31. минута шанса имаше Зеки Челик, но Мајк Мењон одлично реагираше и го одбрани неговиот удар.

До полувремето гостите не реализираа уште една добра шанса, Французинот брилјираше на голот на Милан и го одбрани обидот на Леонардо Спинакола.

Во раната фаза од вториот дел Оливие Жиру погоди по додавањето на Симон Кјер.

Во 67. минута Рома успеа да ја намали негативата, Леанрдо Паредес го реализираше пеналот.

Сите надежи за гостите паднаа во вода во 84. минута, кога проработи „француската врска“, Жиру го проигра Ернандез, кој стави точка на натпреварот.

Share
Scroll to Top