(Видео) Не ги знае правилата и како да го држи рекетот, а настапи на ИТФ турнир

(Видео) Не ги знае правилата и како да го држи рекетот, а настапи на ИТФ турнир

пред 23 часа

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) трпи остри критики поради скандалозен натпревар во женска конкуренција.

Снимки од професионален меч, на ИТФ турнирот во Најроби, кружат низ целиот свет. Евидентно е дека една од тенисерките прв пат во својот живот игра тениски меч.

1026-та светска тенисерка Лорена Шедел ја победи својата 21-годишна египетска соперничка Хајар Абделкадер со 6:0, 6:0.

Во текот на целиот натпревар, кој траеше само 37 минути, Египќанката освои само три поени.

Абделкадер не само што имаше големи проблеми да ја префрли топката преку мрежата, туку судијата мораше во неколку наврати да ја потсети каде треба да стои за да го започне поенот.

Таа направи 20 двојни грешки на своите 24 сервис поени.

Три поени освои, откако нејзината соперничка направи две двојни грешки и една по неизнудена грешка.

Според нејзиниот ИТФ профил, ова беше првиот натпревар на Абделкадер во кариерата.

Тоа не е изненадување, но можеби изненадување е тоа што профилот вели дека 21-годишната игра тенис седум години.

Се верува дека на Египќанката некој и го „купил“ местото на турнирот, откако пред самиот почеток се откажа една тенисерка од Кенија.

Share
Scroll to Top