(Видео) Проектилот на Молина и неспортскиот потег на Абкар во малото дерби на Мадрид – Атлетико го победи Хетафе

(Видео) Проектилот на Молина и неспортскиот потег на Абкар во малото дерби на Мадрид – Атлетико го победи Хетафе

пред 3 часа

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Хетафе со минимални 1:0, во 28-то коло од Ла Лига. Натпреварот го решу Науел Молина со спектакуларен гол, еден од најубевите од поечтокот на сезоната во Шпанија.

Атлетико издоминира во првото полувреме и нејасно е како играчите на Чоло Симеоне не постигнаа барем уште еден гол.

Се чинеше дека „јорганџиите“ лесно ќе слават, кога во 55-та минута Абделкебир Абкар доби директен црвен картон. Мароканецот го фати Александар Серлот во меѓуножјето.

До крајот Атлетико не искористи неколку панси, а во херој се претвори голманот Мусо, со брилијантни две интервенции, едната против Миља во ситуација „еден на еден“, а втората по ударот со глава на Лисо во 92-та минута.

Судијата Ортиз подели седум жолти (четири за играчите на Хетафе) и еден црвен картон.

Атлетико е на третото место во Ла Лига со 57 бода, додека Хетафе е на деветтата позиција со 35.

Наредната недела Атлетико гостува кај Реал, додека Хетафе ќе го пречека Еспањол.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top