(Видео) Пукано врз поранешен турски репрезентативец, има прострелна рана на ногата

(Видео) Пукано врз поранешен турски репрезентативец, има прострелна рана на ногата

пред 8 часа

Поранешниот турски репрезентативец Серхан Акин (43) се здобил со простелна рана откако било пукано во него.

Акин бил застрелан во ногата, откако гостуваше на една телевизија каде ги коментира натпреварите од Лига Европа.

Набрзо сподели фотографии со раскрвавена нога.

„Ми пукаа во стапалото и ми рекоа: „Наш последен збор е Фенербахче“, рече Акин.

Турските медуми објавија видео од безбедносната камера, каде што може да се види како пукаат во Акин.

Напаѓачот му пришол додека Акин се приближувал кон автомобилот во придружба на друг маж.

Инаку, Акин по Фенер играше и за Андерлехт, а играше и во Германија.

За репрезентацијата забележа 16 настапи и постигна три гола во периодот од 2002 до 2005 година.

Share
Scroll to Top