(Видео) Реал шокиран на Балеарските острови – Муричи му пресуди на „кралот“

(Видео) Реал шокиран на Балеарските острови – Муричи му пресуди на „кралот“

пред 5 часа

Фудбалерите на Мајорка направија големо изненадување и го победија Реал Мадрид во натпреварот од 30-то коло на шпанската Ла Лига. Натпреварот на стадионот Мајорка на Балеарските Острови заврши со резултат 2:1 (1:0).

Мајорка поведе против „кралскиот клуб“ во 41-та минута, а гол постигна Морланес.

Долго време тој резултат беше на сила, се чинеше дека домаќинот ќе победи, но во 88-та минута, повратникот во тимот на Реалм Едер Милитао успеа да го изедначи резултатот.

Три минути подоцна следеше уште еден шок за Реал. Ведат Муричи, погоди за ново водство и победа на Мајорка, со која тимот излезе од опасната зона, а Реал дополнително го оддалечи од борбата за шампионската титула.

Share
Scroll to Top