Оклахома Сити Тандер, актуелните шампиони на НБА лигата, славеа на гостински терен по две продолженија против тимот на Индијана со резултат 141:135.
Ова е втор пат за три дена, на стартот од сезоната, Тандер да играат две продолженија. И двата пати славеа победи.
Најефикасен во тимот на Оклахома, во реприза на финалето од минатата сезона, беше Шеј Гилџес-Александер со 55 поени, осум скока и пет асистенции.
Аџај Мичел додаде 26 поени, Арон Вигинс забележи 23 поени и девет скока, додека Чет Холмгрен имаше 15 поени и 12 скока.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 36 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам додаде 32 поени и 15 скока. Оби Топин постигна 20 поени.
Оклахома, актуелниот шампион на НБА лигата ја забележа втората победа во сезоната и против Хјустон победата беше изборена по две продолженија, додека за Индијана ова беше првиот натпревар во сезоната.






