(Видео) Шик се врати со хет-трик, Баер лидер пред зимската пауза

(Видео) Шик се врати со хет-трик, Баер лидер пред зимската пауза

пред 11 месеци

Foto/ EPA

Пет натпревари се одиграа вечерва во Бундеслигата, во 16. коло, последно пред зимската пауза. Водечките три екипи на табелата Баер, Баерн и Штутгарт забележаа победи. Натпреварите ги обележа напаѓачот на лидерот во првенството, Баер, Шатрик Шик.

Баер работата против аутсајдеорт Бохум ја заврши по само 45 минути игра со спектакуларниот хет-трик на Патрик Шик, кому му беа потребни само 16 минути трипати да ја затресе мрежата на гостите.

Првиот гол го постигна Шик од пенал во 30. минута, вториот две минути подоцна на додавање на Фримпонг, а третиот во првата минута од судиското надополнување кога му асистираше Грималдо.

Точка на натпреварот стави Бонифејс во 67. минута.

Баерн Минхен победи на тешкото гостување во Волфсбург со 2:1. Головите беа постигнати во првото полувреме.

Првиот гол го постигна Мусијала во 33. минута, а десет минути подоцна, Хари Кејн со спектакуларен гол ја зголеми предноста на Баварците.

Во првата минута од судиското надополнување, домашните погодија преку Арнолд.

Штутгарт го заврши овој дел од сезоната пред своите навивачи со победа против Аугсбург, која му го гарантира третото место на полусезоната.

Ајнтрахт ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1, а Хајденхајм славеше над Фрајбург со 3:2

Сезоната во Бундеслигата ќе продолжи на 12 јануари.

Share
Scroll to Top