Партизан по десет години повторно е шампион на АБА лигата, а големи заслуги за тоа одат на адреса на елитниот стратег Жељко Обрадовиќ. Тој важи за исклучително строг тренер, но вечерва по победата не можеше да ги задржи своите кошаркари кои влетаа во прес-салата.
Тие тргнаа директно кон Обрадовиќ и го полеваа со шампањ. Се разбира, и Жељко уживаше во славеничката атмосфера.
⚫️ 🍾 ⚪️ pic.twitter.com/VB9NGiY3ux
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) June 22, 2023