Новак Ѓоковиќ е разочаран од однесувањето на британскиот ривал по победата во два сета, откако при 2:2 во вториот сет, Нори го погоди Ѓоковиќ со топче, кога тој веќе го имаше признато поенот. По мечот, Србинот вели дека противникот едноставно не играл фер во текот на целиот живот.
„Не ја видов снимката кога ме удри. Можеби ќе се каже дека не ме удри намерно. Не знам дали ме виде. Периферно секогаш можеш да видиш кај е играчот на теренот. Топчето беше супер-споро и блиску до мрежата. Се свртев бидејќи за мене поенот беше завршен. Не е само тоа, туку комбинација на работи. Од почетокот тој ги правеше сите работи кои беа дозволени. Доби дозвола за медицински тајмаут. Дозвола да удри тенисер. Дозвола да вика ‘ајде’ во лице во секој поен од првиот гем. Тие се работи кои ние тенисерите ги знаеме дека не се фер. Но, дозволени се, така што…“, вели Ѓоковиќ.
Србинот на крајот победи со 6:3/6:4 за да го продолжи совршениот скор против него.
„Се согласував од Камерон многу добро овиее години на турнејата, трениравм заедно. Надвор од теренот е многу добар и не го сфаќам ова однесување на теренот. Но тоа е што е. Тој го донесе оганот на теренот, и одговорив за тоа. Нема да дозволам некој да се однесува вака и ќе реагирам. Тоа што е на теренот, останува таму, и одиме понатаму“, објасни Ѓоковиќ.
“Cameron Norrie”
Por el pelotazo que le pegó a Novak Djokovic. Es un británico hijo de mil puta.pic.twitter.com/LjB5ISPSYI
— ¿Por qué es tendencia? (@SanmaTendencia) May 16, 2023