Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами

Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами

пред 7 часа

Планот на првиот човек на ла Лига, Хавиер Тебас, натпревар од шпанското првенство да се игра во Мајами и четврти пат нема да биде успешен.

Проектот за играње на натпреварот во Мајами се соочи со критики од фудбалерите, отворениот отпор на Реал Мадрид, кој ги охрабри и другите клубови, и неочекуваната интервенција на Високиот спортски совет (CSD).

„Патот до Мајами, се чини, ќе биде сè само нема да биде лесен“, пишува „as.com“.

„Во Ла Лига, веројатно се надеваа дека „оваа сезона е сезона“, таргетирајќи го Мајами како место за натпреварот од 17-то коло помеѓу Виљареал и Барселона, закажан за 20 декември. Тоа беше план да се освои северноамериканскиот пазар во битка со Премиер лигата, по примерот на НФЛ и НБА“.

Претходните обиди (Џирона-Барса 2018/19, Виљареал-Атлетико 2019/20 и Барса-Атлетико 2024/25) не успеаја поради отпорот на Луис Рубиалес, неповолните правила на ФИФА и недостатокот на време. Овој пат нема такви пречки, но се појавија нови, подеднакво проблематични.

Високиот спортски совет (CSD) првично сметаше дека не треба да се меша, верувајќи дека нивната надлежност е потребна само кога меѓународните натпревари се играат во Шпанија.

Но, писмото на Реал Мадрид го принуди спортскиот оддел на Владата детално да го проучи случајот. Покрај тоа, Мигел Анхел Галан, познат во фудбалските кругови, објави дека ќе ја пријави Ла Лига до Спортскиот суд, ако го однесат натпреварот во САД без одобрение од Владата, што дополнително го комплицира спроведувањето на „Планот Мајами“.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top