Влаховиќ на шпекулациите за Јуве одговори со супер-паненка!

Влаховиќ на шпекулациите за Јуве одговори со супер-паненка!

пред 3 години

Душан Влаховиќ последните денови беше поврзуван со трансфер во тимот на Јувентус, нешто што ги разбесни навивачите на Фиорентина, кои се познати по својата омраза кон „бјанконерите“, по што денеска одговори со гол против Јуве со фантастична паненка.

На „Артемио Франки“ беше досуден пенал откако Адриен Рабио играше со рака во шестнаесетникот, по долгата пауза за ВАР-проверка и српскиот напаѓач лежерно го совлада Војчех Шчесни. Мајсторски за фантастичен 17-ти гол оваа сезона за 22-годишниот Влаховиќ.

Share
Scroll to Top