Во Галатасарај лути на Донк: Доста ни е од твоите оргии!

Во Галатасарај лути на Донк: Доста ни е од твоите оргии!

пред 3 години

Претседателот на турски Галатасарај, Мустафа Џенгиз одржал состанок со Управата на турскиот клуб на кој остро ги нападнал дел од фудбалерите кои не задоволуваат со нивната сериозност и недисциплината во екипата.

Џенгиз посебно бил лут на 35-годишниот дефанзивец, Рајан Донк за кого рекол:

„Доста ни е од неговите оргии“, пренесуваат турските медиуми.

Галатасарај моментно е третопласирана екипа во лигата, со заостанување од 8 поени за Бешикташ. Претседателот е незадоволен од резултатите.

„Нашите фудбалери не тренираат добро. Навечер се забавуваат, а наутро имаат тренинг. Тогаш немаат сила и не можат да играат затоа што ноќта се потрошиле. Премногу се зафатени со забава“ – заклучи Џенгиз.

Share
Scroll to Top