Во Манчестер внимателно ги следат настапите на Фримпонг

Во Манчестер внимателно ги следат настапите на Фримпонг

пред 6 месеци

Џереми Фримпонг еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната. Доколку го направи тоа извесно е дека ќе замина како шампион на Германија.

Холандскиот репрезентативец сезонава „експлодира, заедно Алехандро Грималдо и Флоријан Вирц дефинитивно ја одбележа оваа сезона на „Фармацевтите“.

На 25 натпревари во Бундеслигата, Фримпонг забележа осум гола и асистенции и придонесе за успехот на Леверкузен на многу начини. Настапите на Фримпонг внимателно ги следат во Манчестер.

Имено, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити не кријат дека се заинтересирани за талентираниот Холанѓанец. На Леверкузен ќе му биде исклучително тешко да го задржи, со оглед на фактот дека во неговиот договор има откупна клаузула од 46 милиони евра.

Share
Scroll to Top